БОМБА НА ЗАЕВ: УСПЕАВ ДА ПРИДОБИЈАМ УШТЕ 3 ПРАТЕНИЦИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА, СЕГА ИМАМЕ ПОДДРШКА ОД 65 ПРАТЕНИЦИ!

0
13037

Премиерот Зоран Заев од Кавадарци изјави дека во моментов владината коалиција има 65 пратеници, за носење на одредени одлуки. Со тоа бројот на пратеници е за три поголем од првичните 62.

Меѓутоа, Заев не открива за кои тројца дополнителни пратеници станува збор.

„Заедно со ДУИ и сето тоа што е разговарано со парламентот од вкупно 120 пратеници, верувам дека имаме поддршка за потребни работи, со најмалку 65 пратеници. За владата гласаа 62 пратеници, каде што Шахпаска после гласањето на Владата ѝпрестана функцијата, па после неа следува следниот на листата. Верувам во следните неколку дена парламентот ќе направи верификација на мандатот на следниот пратеник од листата за да вака оформената коалиција од 62 ја потврдиме комплетно. Имам намера на дел од пратеници да им понудам одредени раководни места во државата, од моја и од страна на Владата и министерствата коишто ги именуваат“, изјавил Заев.