ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ НА ФИЛИПЧЕ: ГОСТИВАРЧАНЕЦ ТРГНАЛ ЗА ШВАЈЦАРИЈА МЕСТО ДА СЕДИ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА

0
328

Против 42-годишен жител на гостиварското село Неготино поднесен е предлог за казна за кривично дело непостапување според здравствените прописи.

Обвинетиот, кому со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација во траење од 20 дена, на 18 февруари остварил излез од државата преку граничниот премин Табановце и се упатил кон Швајцарија.