ВО ТЕТОВО ПРИВЕДЕН Е ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ОШТЕТУВАЊЕ НА ДВЕТЕ СПОРЕДНИ ЦЕВКИ ЗА ДОВОД НА КИСЛОРОД ВО КЛИНИКАТА: ПОРАДИ ЗАБЛУДЕНОСТ НА СТОРИТЕЛОТ БЕА ЗАГРОЗЕНИ ТУЃИ ЖИВОТИ ПРИ ЛЕЧЕЊЕ ОД КОРОНА

0
1080

Во понеделникот околу 17 часот во Тетово бил приведен А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23-ти август.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Вработените во тетовската болница на 23-ти август увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите.

Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургентно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид-одделенијата не било спречено преку главната цевка.