ПЕРО КАМИКАЗА САМ СИ СЕ ХРАБРИ ДЕКА НАВОДНО ВОДЕЛ СПОРЕД РЕЈТИНГОТ ВО СКОПЈЕ, ШИЛЕГОВ: ИМАМ ОГРОМНА ПОДДРШКА КАЈ СКОПЈАНИ И ЌЕ ПОБЕДАМ УШТЕ ВО ПРВИОТ КРУГ

0
996

Независниот кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од Левица, Петар Георгиевски Камиказа провокативно тврдеше дека во нивните анкети наводно водел пред сите други. На тоа актуелниот градоначалник Петре Шилегов реагираше дека само тој може да победи во Скопје уште во првиот круг.

“Јас кажав на почетокот на кандидирање, се’ додека ставовите на луѓето кои се кандидираат, се однесуваат лично на мене, нема да ги коментирам. Секогаш сум спремен да дебатирам со кого и да е, за визијата за Скопје и за развојот на нашиот град. Секој има право да се надева на успех во изборниот циклус. Тоа право му го давам и на господинот Георгиевски. Впрочем, јас сум убеден во победата уште во првиот круг. Ќе кажат граѓаните на 17-ти октомври. Мислам дека е во заблуда” – рече градоначалникот Шилегов.