Трајковски : За две и пол години капитални инвестиции од 120 милиони денари во Делчево, се градат патишта, мостови, канализациски системи

0
845

Аполутно ништо не беше чепнато во општина Делчево за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а остави долг во општинската каса од над 60 милиони денари, како и неплатен додаток за трето дете и ученички стипендии повеќе од 18 месеци, истакна градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“.

Се срамиме од она што го направи ВМРО-ДПМНЕ, ја довде државата во апатија, но државотворната СДСМ, со мудри одлуки не поведе на прав пат, нагласи градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, додавајќи дека со помош на Владата се вратени огромен број долгови.

Трајковски се осврна на капиталните проекти, кои се завршени или се во тек во општината во вредност од 120 милиони денари, издвојувајќи ги изградбата на градски пазар, градска капела, пешачкиот мост на реката Брегалница, патната инфраструктура на населба Басарица, во која прв пат по 20 година се прави пат со атмосферска и фекална канализација.

Делчево повеќе не е изолирана општина и по изградбата на регионалните патишта Делчево – Кочани, Транзитниот булевар низ Делчево, правците Делчево-Ѕвегор, Делчево-Пехчево, Делчево-Виница, повеќе нема да се срамиме од од патната инфраструкура која води до и од Делчево.

Во самиот град се изградени и рехабилитирани десетици улици, меѓу кои Станбена улица 4 и 3, Илинденска, Орце Николов, Светозар Маркович, Маршал Тито, Питу Гули, а готова е проектна документација за 24 улици во градот и во селата, соопшти пред насобраните граѓани на Делчево, градоначалникот Трајковски.

Со особена гордост Трајковски го најави решавањето на водоснабдувањето на Делчево и 5 села во околината, што е најголем проект во историјата, во вредност од  над 7 милиони швајцарски франци.

ЈКП во Делчево имаше долг 9 милиони денари, за 2,5 године се вратени 6,5 милиони, а набавени се машини и механизација, нагласи Трајковски, осврнувајќи се и на проектите во училиштата и градинката во градот.

Ако сега зборува градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши обраќањето на трибината за една минута оти изградил една улица и толку, но има разлика меѓу црните 11 години кога владееше ВМРО-ДПМНЕ, која ги уништи сите клетки на општествто и владата на СДСМ која ја постави државата на прав пат, по европски терк, потенцираше градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, на граѓанската трибина под мотото „На прав пат“.