СУДСТВОТО ИМА ОДВРЗАНИ РАЦЕ ДА ПОСТАПУВА И ДА НОСИ ОДЛУКИ ТАМУ КАДЕ ШТО ПОСТОЈАТ ОСНОВАНИ СОМНЕЖИ И ДОКАЗИ, ЗАЕВ: НЕ ЈА КОМЕНТИРАМ СУДСКАТА ОДЛУКА НА АПЕЛАЦИЈА ЗА КУЌЕН ПРИТВОР НА РАШКОВСКИ

0
1128

Премиерот Зоран Заев денеска не ја коментираше одлуката притворот на Драги Рашковски да биде заменет со куќен притвор.

“Знам дека е заменет од притворот во затвор во притвор домашен. Одлуката е донесена вчера, таа е соопштена. Се’ уште постојат постапки, жалби и слично, право на двете страни. Немам нешто посебно да коментирам. Знам дека беше повеќе од 40-тина дена во притвор” – рече премиерот Заев.

Вчера Апелациониот суд Скопје донесе одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да се врати, односно да се спроведе во куќен притвор од затворот Скопје. Претходно Вишото јавно обвинтелство – Скопје предложи да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Рашковски за да излезе од ефективен притвор.