ДУИ СЕ РЕБРЕНДИРА ВО ЗЕЛЕНА ПАРТИЈА ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, АХМЕТИ: КАКО ПРИОРИТЕТИ ГИ ПОСТАВУВАМЕ ЗЕЛЕНАТА АГЕНДА И ПОДОБРИОТ КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ

0
661

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја објави убава вест за неговата партија и тоа го направи за првпат на еден настан на ДУИ на македонски и на албански јазик, обраќајќи им се директно на граѓаните.

“Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден” се обрати Ахмети на почетокот, а истото го направи и на крајот од говорот.

На настанот, организиран по повод 19-годишнината на партијата, со зелена сценографија и со мото “За зелена иднина”, Ахмети порача дека сите ветувањата што ги давала партијата досега се исполнети и време е сега да го стави како приоритет квалитетот на живот на граѓаните.

“По Рамковниот договор дојде време Демократската унија за интеграција да се фокусира целосно на квалитетот на животот, условите за секојдневно живеење, развојот, квалитетното образование и здравство, неселективната правда, дигитализацијата, социјалните политики, инфраструктурата, економијата и животната средина. Вие младите гласно барате услови за живот како на Запад” – порача Ахмети во својот говор.

Според лидерот на ДУИ, зелената агенда претставува нов начин на креирање политики на централно и на локално ниво.