МИТРЕСКИ : БАРАЊЕТО ЗА АНКЕТНА ЌЕ ГО ПРИФАТИМЕ, ДА РАЗГОВАРАМЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР И НАБАВКИТЕ НА МИЦКОСКИ ПО 3 ПАТИ ПОГОЛЕМИ ЦЕНИ

0
476
Мое мислење е дека тоа е само форма во контекст на блокадата на Собранието. Но, без разлика на тоа што се уште не сме го добиле предлогот, како пратеници не сме го виделе, јавно кажувам дека ќе ја прифатиме, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ,  Јован Митрески, во интервју за Сител телевизија.
-Да, ќе ја прифатиме, да разговараме во Собранието и за тоа што сега се случува во енергетскиот сектор но и за тоа што се случувало во минатиот период во енергетскиот сектор, во време на ВМОР-ДПМНЕ. Како тоа се набавувала струја 3 пати поскапа од пазарната. Како во период кога немало енергетска криза струјата поскапела 100%. Колкаво било тогаш, во време на ВМРО-ДПМНЕ субвенционирањето на сметките за струја а колкаво е сега, колкав е пакетот мерки и колку се вложува сега за да им се помогне на граѓаните а колку вложувале претходно. Дали се вложувало тогаш во некој енергетски објект или во приватни мини хидро централи? Или сега се вложува во фотоволтаици, рече Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ, во интервју за Сител телевизија.