АНТИКОРУПЦИСКА НА КОЛЕГИУМ ЌЕ РАЗГЛЕДА ДАЛИ ЌЕ ОТВОРИ ПРЕДМЕТИ ПО ТЕКСТОВИТЕ НА ИНФОМАКС ЗА ТЕНДЕРИТЕ НА ЕДС И ПУЦКО ПЕТРОЛ

0
546

ДКСК на колегиум ќе разгледа дали Комисијата ќе отвори предмети по текстовите на Инфомакс за тендерите кои градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ им ги дале да Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев и Пуцко Петрол на пратеникот Исмаил Јахоски, вели за Инфомакс претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска.

Таа истакна дека Комисијата на колегиум следната недела ќе ги разгледа наводите објавени од Инфомакс и ќе одлучи дали да отвори предмет за истите.

Од почетокот на новиот градоначалнички мандат на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ до овој момент, од општините се испумпани неверојатни 389.943.936 денари на компанијата „Енерџи Деливери Солушнс“, чиј довчерашен сопственик беше токму Кочо Анѓушев, објавивме минатата недела.

Една третина од општините со кои раководи ВМРО на Мицкоски , односно дури 16 општини со вмровски градоначалници склучиле договор и со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на горива. Градоначалниците на Мицкоски на Јахоски му доделиле тендери во висина од над 615 илјади евра или поточно 37.598.044 милиони денари.

Ова се првите два во серијалот текстови поврзани со сомнителни тендери доделувани од општините на неколку компании. Како што објавивме претходно, од општините биле испумпани неверојатни милијарда дваесет и шест милиони и триста илјади денари во неколку домашни и една косовска компанија.

Деталите можете да ги прочитате на линковите во продолжение.