БОМБА НА НИКОЛОВСКИ: ВО АКЦИЈА НА ЦАРИНА И ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ КОЈА ЈА КООРДИНИРАВ, ФАТЕН КРИМИНАЛ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА!!!

0
6393

Успешна акција на Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат за која дадов силна поддршка, како координатор на надлежните антикорупциски институции.

Запленет е необработен тутун, незаконски пуштен во продажба, со што е извршено прекршување на законите и поттикната е недозволена трговија.

Против правните лица е поднесена кривична пријава за избегнување на плаќање акциза, за оштетување на буџетот од над 4,7 милиони евра.

Избегнувањето на плаќање на давачки како што е неплаќањето акциза, е еден од ризичните фактори за корупција при увозот и извозот на стоки, кои сериозно го оштетуваат граѓанскиот буџет.

Ги охрабрувам надлежните институции да ги продолжат и интензивираат акциите.

Нема да дозволиме никој да профитира на грбот на граѓаните, тутунопроизводителите, и на компаниите кои чесно, законски работат и ги плаќаат давачките кон државата.