СЛУЧАЈОТ ПЛАНИНА ЗАВРШИ СО ПРИЗНАНИЕ НА ВИНА И ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА 7 ОБВИНЕТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ТРГОВИЈА СО НАРКОТИЦИ

0
788

Седуммина припадници на криминална група од Гази Баба, осомничени во предметот “Планина”, денес го признаа извршувањето на кривичното дело за кое се товареа.

По признание на вината, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Предлог-спогодби со осомничените. Судијата на претходна постапка при Основиот кривичен суд-Скопје ги прифатил Предлог-спогодбите и ги прогласил за виновни сите 7 обвинети за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

“Со пресуда на обвинетите им е изречена казна затвор  во која се пресметува и времето поминато во притвор и тоа на осомничените А.Р. (31) и Е.С.(25) во траење од 4 години и 6 месеци, на осомничениот А.И.(20) во траење од 4 години и на осомничените С.И. (22), А.К.Б.(19), Ф.А.(20) и Р.И.(21) во траење од 3 години” – информираат од Обвинителството.