БАРОКОТ НА МНТ ГО ОДНЕСОА ДОЖДОВИ ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ: СЕГА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ПОЧНУВА ДА ГО РЕКОНСТРУИРА И РЕНОВИРА ОБЈЕКТОТ

0
836

МНТ информираше дека во изминатите години поради обилни дождови, беа предизвикани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје и дека ќе се решаваат проблемите наследени од самото отворање на театарот за да се спречи натамошно руинирање на објектот.

“Средствата во износ од 1 200 000 денари се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура. Искрено се радуваме што есенскиот дел од сезоната ќе го почнеме во безбеден и саниран објект. Во очекување на позитивни вести околу пандемијата од КОВИД-19, ние се подготвуваме повторно за полн салон, со широк репертоар” – соопштија од МНТ.