ЗАПОЧНА СУДСКИОТ ПРОЦЕС “ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО”: МИТОТ ЗА ЧЕСНИОТ ГРУЕВСКИ СЕ РАСПАЃА СО ДОКАЗИ ЗА ТОА КАКО КУПУВАЛ ИМОТИ НА ТУЃИ ИМИЊА И ПРЕКУ ФИКТИВНИ ФИРМИ

0
988

Судскиот процес „Плацеви на Водно“ денеска започна со воведен говор на обвнителката Лиле Стефанова и со отфрлање на наводите од страна на адвокатите на двајцата главни обвинети, Орце Камчев и Сашо Мијалков. На Никола Груевски, кој има дадено исказ за случајот, ќе му се суди во отсуство.

“Материјалните докази ќе ги презентирам јавно, вербалните ќе ги слушнеме сите, и на крај, верувам дека без никакво сомнение ќе се утврди фактичката состојба” – рече обвинителката Лиле Стефанова. Таа побара сите обвинети да бидат прогласени за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и да им биде конфискуван целиот имот кој е ставен во обвинителниот акт.

Според обвинението, Никола Груевски во периодот од 2006-2012 година присвоил 1,3 милиони евра, од донации за финансирање на партијата и не ги прикажал како примени донации во извештаите. Се тврди дека Груевски во средината на 2012 година дознал дека физички лица иселени од државата, преку посредници продаваат земјиште од околу 11 000 квадратни метри на Водно и бара токму од братучедот Мијалков да му помогне за да го купи ова земјиште но да се скрие изворот на парите.

Покрај овие тројца, обвинети се и кумот од првиот брак на Груевски, Ристо Новачевски, потоа мајката на Орце Камчев, Ратка Камчева, како и Ненад Јосифовиќ, кој е вработен во “Орка холдинг”.

Орце Камчев го бранат 6 адвокати, а Сашо Мијалков – 3. Екс премиерот Никола Груевски има адвокат по службена должност.