ПОРАДИ БРЗО ШИРЕЊЕ НА КОРОНА, ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Во Куманово цел викенд полициски час – од петок во 21 часот до понеделник во 5 часот, а од понеделник од 16 часот!

0
752

Владата донесе одлука за забрана на движење на наслението, односно полициски час на територијата на општина Куманово и тоа целосна забрана во време на викенд, почнувајќи од 21 часот во петок (денеска) до 5 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот. За земјоделските активности, дозволено е движењето во атарот на селата исклучиво за работни потреби, соопшти владиниот портпарол на прес конфернцијата која е во тек.