Вработените во „Алкалоид“ донираа 1,12 милиони денари за борба против загадувањето

0
1549

На деветтиот по ред донаторски хепенинг вработените во фармацевтката компанија „Алкалоид“, членовите на нивните семејства и нивните пријатели собраа повеќе од 1.120.000 денари, кои ги донираа за кревање на свесноста за значењето на чиста и здрава животна околина.

На деветтиот по ред донаторски хепенинг вработените во фармацевтката компанија „Алкалоид“, членовите на нивните семејства и нивните пријатели собраа повеќе од 1.120.000 денари, кои ги донираа за кревање на свесноста за значењето на чиста и здрава животна околина.

– Сакаме да влијаееме на зголемување на свеста за потребата од здрава животна средина. Особено сум горд што традицијата на донирање и помагање на заедницата во која сите ние живееме и функционираме продолжува веќе деветта година по ред и станува сѐ помасовна. Кога се решаваше прашањето за намената на овогодинешната донација, кај сите консултирани веднаш добивавме акламација истата да биде наменета за борба против загадувањето. Проблемот со загадувањето на животната околина е горлива тема која непосредно нѐ засега сите нас! Ако чистата животна околина значи здравје и претставува колективна одговорност, тогаш верувам дека нашиот партнер на овој настан, граѓанската иницијатива О2 е легитимно избран и дека денешната донација ќе ја искористи за една навистина благородна цел: подобрување на квалитетот на животна околина, а со тоа и квалитетот на животот воопшто! – истакна Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД“ Скопје.

Претставничката и еден од основачите на иницијативата О2, Ели Пешева, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ е доказ дека работите се придвижуваат во позитивна насока и во пракса, а не само теоретски.

– Имаме проблем со загаден воздух, вода, почви, нема сегмент кој е чист, здрав и безбеден за граѓаните, пред сѐ за децата. Како активисти-волонтери, ние се трудиме да работиме на подигнувањето на јавната свест, но и да ги мотивираме и поттикнеме одговорните институции, сериозно да ги третираат последиците од загадувањето, за нас веќе карактеристично во текот на целата година, а не само за време на зимскиот период. Веруваме дека и на терен ќе можеме да покажеме дека со добро осмислени проекти и акции, секој од нас може да биде и корисен и одговорен кон животната средина. Заедно да бидеме пример и поттик за нашите сограѓани и секако, за новите генерации кои доаѓаат – рече Пешева.