(ФОТО) Ген. Секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и дел од раководството и пратениците се приклучија кон традиционалниот јаболкобер, СДСМ останува со граѓаните, со земјоделците

0
1054

Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, Генерален Секретар на СДСМ

Денеска во рамки на активностите на СДСМ, Централното раководство, заедно и на покана на нашата Општинска организација во Ресен, на градоначалникот, заеднички се приклучуваме на традиционалниот јаболкобер се со цел да ја одбележиме и оваа година оваа сезона.

Тука сме заеднички и симболично да помогнеме на јаболкарите од овој регион, така како што и во претходниот период континуирано поддржувавме и носевме мерки и политики коишто носат развој на оваа значајна гранка и за овој регион и за целата наша земја.

Уште од првата година од мандатот за 10% ги зголемивме субвенциите по хектар. Ги зголемивме субвенциите на развојната категорија на овоштари, вклучително на сите и од овој регион.

Во континуитет носевме интервентни мерки во секој еден момент кога тоа беше потребно.

Оваа година, нашите политики ги заокружуваме со спроведување и на проектот за зелена нафта. 2170 земјоделци, овоштари од овој регион веќе ги подигнаа и добија своите зелени картички и средства за 30% поевтина нафта за земјоделската механизација.

Веќе оваа година заокружуваме уште еден значаен проект за овој регион. Тоа е проектот којшто се прави и со поддршка на Светска Банка за изградба на откупно дистрибутивни центри низ нашата земја.

Токму Ресен и Преспа, овој убав крај се една од избраните локации за коишто веќе се направени и студиите и е подготвена документацијата и во следниот период ќе се гради еден модерен и современ откупно дистрибутивен центар.

Оваа година имаме уште многу нови мерки коишто го тангираат овој регион.

Управата за хидрометеоролошки работи  веќе ја подготвува и тендерската документација за проектот којшто за прв пат оваа година ќе го работиме за авионското засејување и заштита на овошните насади и од можните штети коишто ги имавме претходните години.

Како политичка партија, како Влада, во целиов овој период носевме политики коишто се во интерес на фармерите, во интерес на земјоделците и во интерес на развојот на токму оваа значајна гранка во нашето земјоделство.