СО ТЕЛЕДИРИГИРАЧКИ ПРОЕКТИЛ НА ЕНИС БАРДИ МАКЕДОНИЈА ИЗЕДНАЧИ И ОДИГРА НЕРЕШЕНО СО 1-1 ПРОТИВ ИТАЛИЈА

0
468

Македонија успеа да го израмни резултатот против Италија на 1:1.

Во првиот натпревар во кој ја предводи Македонија со капитенската лента, Енис Барди постигна спектакуларен гол. Во 81. минута од слободен удар од 23-24 метри, Барди го погди спротивниот агол од голот на Донаруна.

Со овој гол Барди ја поништи предноста на Италија, која ја донесе Имобиле во 47.минута.

Барди го постигна 15. гол во дресот на Македонија.