ПОРТАЛИТЕ ЛИДЕР, НЕТПРЕС, КУРИР 365 И ОСТАНАТИ ЛАЖАТ ДЕКА ГРАДОТ СКОПЈЕ КОРИСТИ МАЗУТ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ НА ПРОСТОРИИТЕ НА ГРАДОТ, ДОКОЛКУ НЕ ГО ОБЈАВАТ ОВОЈ ДЕМАНТ ВО РОК ОД 48 ЧАСА ЌЕ ЈА ДОКАЖУВАМЕ ВИСТИНАТА НА СУД

0
384

Со жалење констатираме дека дел од медиумите користејќи се со манипулации, дезинформации и половични информации се обидуваат да се стават во улога на браник на приватни компании од кои се бара кривична одговорност поради енормното загадување кое го предизвикуваат во градот Скопје.

Просториите на градот Скопје се приклучени на градската топловодна мрежа, и на тој начин се затоплуваат. Информацијата дека градот Скопје користи мазут за загревање на просториите на градот во целост ги демантираме.

Овој демант бараме во целост да биде објавен во рок од 48 часа, во спротивно, вистината ќе ја докажуваме на суд.