(ВИДЕО) Спасовски им реплицира на ВМРОВЦИТЕ по повод неговата интерпелација : МВР не апси функционери, туку криминалци од ВМРО ДПМНЕ!

0
1016

Во обраќањето во Собрание по повод интерпелацијата за неговата работа поднесена од ВМРО ДПМНЕ, министерот Оливер Спасовски изнесе бројни критики за сметка на претходната владејачка гарнитура предводена токму од оваа партија.

,,Кога дојдов на позицијата министер, го затекнав министерството со долг од 30 милиони, имаше долг 39 милиони денари за плата, а не оставивте доволно обрасци ниту за ЛК ниту за пасоши, и министерство во кое за 11 години немавте набавено никаква опрема за работa на полициските службеници. Мoјата задача беше, не да се жалам, туку да направам нешто. Дa ги ставиме во функција сите можни капацитети, и да обезбедиме се што е потребно, а на тој начин да имаме поголема безбедност.

Во последната година, откако министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, немало скриено убиство како во времето на Гордана Јанкулоска, кога се криеше убиството на Мартин Нешкоски.

Единствено нешто во што има зголемување се кривичните дела од економски криминал, затоа што нема институција со која не сте раководеле и набавка која не сте ја правеле, макар спајалици, а да немате украдено нешто. Многу ваши градоначалници, директори и функционери се пред лицето на правдата и се зголемува бројот на кривични дела. Така треба да биде. Така ќе биде и сега, ако актуелни функционери прават незаконски постапки ќе одговараат за тоа

Неосновани се обвинувањата дека МВР апси функционери на ВМРО-ДПМНЕ. „Како прво, не апси МВР, туку обвинителството. Тоа не се функционери, туку криминалци на ВМРО-ДПМНЕ, и ќе ги апсиме и понатаму ако добиеме налог.

Кога дојдов јас, над 50-60 се со фалсификувани дипломи. Фалсификат дипломи има многу командири на ПС и ќе продолжам со таа битка, затоа што на нивна сметка дома седат многу паметни и учени деца“-рече Спасовски.