ОВАА БУДАЛЕТИНКА ЌЕ НЕ МАЛТРЕТИРА СО СВОИТЕ БУДАЛАШТИНИ УШТЕ МАЛЦЕ: Иванов не потпишува закони со Република Северна Македонија

0
1381

Шефот на државата Ѓорге Иванов вратил закони чиј указ не го потпишал до Собранието во кои името на државата било напишано Република Северна Македонија, соопштија од Собранието. Од кабинетот на претседателот засега нема коментар.

Станува збор за следните закони:

– Закон за изменување на законот за оперативно-техничка агенција, закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт, Закон за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија, закон за изменување и дополнување на законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, закон за изменување и дополнување на законот за електронскиte комуникации, закон за дополнување на законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.

Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, не ги потпиша и Указите за прогласување на 5 закони донесени на 04.03.2019 и на 06.03.2019 година:

– Закон за изменување и дополнување на законот за данокот за додаде вредност, Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој- Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, закон за изменување и и дополнување на закон за субвенционирање на станбен кредит и закон за изменување и дополнување на закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Иванов, според образложението, Указите не ги потпишал, бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот, и како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.

Денеска истекува и рокот во кој претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, треба да ги потпише Указите за прогласување на 3 закони кои се донесени со дво-третинско мнозинство: Закон за изменување и дополнување на Закон за судовите, закон за прекршоците и закон за управните спорови.

За овие закони според Уставот, член 75 став 3, претседателот е должен да го потпише Указот, за чие изгласување се потребни 80 пратенички гласови.