(ВИДЕО) Заев: Ова е најголем пораз досега за ЕУ, тешко ми паѓа, ова е голема неправда која не е желба на бугарскиот народ и на Борисов

0
1647

Премиерот Зоран Заев вечерва е гостин на ТВ21 во „Клик Плус“. Премиерот ја коментираше одлуката на Бугарија да стави вето на почетокот на преговорите, односно да не одобри преговарачка рамка.

Заев рече дека ова е најголемиот пораз за ЕУ, и дека разочаран од одлуката.

„Постигнавме Договор со Бугарија, и кога требаше да испорача ЕУ, таа не го стори тоа, и ова е најголем пораз за Европа. Треба да продолжиме да правиме напори, во духот на градење пријателство, дијалог, не конфликти. Мене ми паѓа многу тешко, затоа што верувам дека тоа не е желба на бугарскиот народ, туку на политика пред изборите во Бугарија. Но, еве, да дадеме шанса до декември.“, рече Заев во „Клик Плус“.

Целата изјава од гостувањето на Заев на ТВ21 низ следното видео: