БНТ : 14 БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ НА СПИСОКОТ СО ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ВО С МАКЕДОНИЈА

0
278

На списокот на македонското МВР на лица на кои денеска не би им бил дозволен влез во земјава се 14 бугарски државјани, јавува Бугарската национална телевизија. Во објавата на БНТ нема имиња.

Претходно, во изјава за агенцијата БТА, бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев рече дека има листа со бугарски државјани на кои нема да им биде дозволен влез, но рече дека таа листа не е голема.Во синоќешното интервју за „360 степени“ министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека МВР е подготвено да носи одлуки за забрана за влез во земјава на секој што не ги почитува македонскиот народ и граѓаните на оваа земја.

Од бугарската агенција Беспартиен.бг на својот фејсбук-профил објавија дека добиле забрана за влез во Македонија. Тие во прилог на информацијата објавија и документ издаден од македонското Министерство за внатрешни работи.Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски индиректно најави дека денеска не доаѓа во земјава. Преку Фејсбук ги повика сонародниците достоинствено да го одбележат роденденот на „бугарскиот народен херој Гоце Делчев“ и им предложи тоа да го направат во кој било град, односно да не одат во Скопје.