ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ САШО ТАСЕВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА МВР НА ЦРНА ГОРА РАДЕ МИЛОШЕВИЌ

0
653

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски денеска оствари работна средба со државниот секретар на министерството за внатрешни работи на Република Црна Гора, Раде Милошевиќ. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката со полицијата на Црна Гора во борбата против организираниот криминал и тероризмот, како и борбата против компјутерскиот криминал.

Двете полиции работат на заеднички регионален проект „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“, а се разговараше и за заедничкото учество на двете држави на ЦЕПОЛ проектот за Западен Балкан на Европската комисија. На средбата и двете делегации ја потврдија досегашната одлична соработка која и во иднина ќе се надградува.