ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ДУИ, СЕ ИСПОТЕПАА, ВТОРО ПУКАЊЕ СО ЖРТВИ ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА: Функционерот на ДУИ, Артан Муслиу попладнево е убиен во Струга

0
1068

stock-footage-police-lights-night-motorcade

Со пет куршуми попладнево во Струга е убиен функционерот на ДУИ, Артан Муслиу, заменик-директор на регионалниот центар на УЈП во Струга, објави весникот „Лајм“.

Како што пишува весникот, тој се сметал за близок со вицепремиерот Муса Џафери. Не се познати сторителите на ова убиство, ниту точните мотиви. Од полицијата сè уште не ја потврдиле информацијата. Муслиу е добро познат како бизнисмен во Струга.

Охрид Скај пак јавува дека убиениот се вика Асани.

Лекарите од струшката болница известија дека пред 20 минути од тешките повреди починал Аргетим Асани, заменик директор на УЈП. Тој околу 13.20 часот бил тешко ранет на улицата Маркс и Енгелс во Струга.

Полицијата извести дека кон него било пукано од возило „голф“ црна боја. Штом испукале неколку куршуми, напаѓачите избегале, а по нив е започната голема потрага.