СОВЕТНИЦИ ОД ВМРО ДПМНЕ ОД КАРПОШ НАПРАВИЛЕ ИНЦИДЕНТ ВО ХОТЕЛ ВО СТРУГА : НЕ ИМ СЕ ДОПАЃАЛЕ СОБИТЕ ШТО ИМ ГИ ПЛАТИЛА ОПШТИНАТА ЗА СЕМИНАР ПА СИ СЕ ВРАТИЛЕ НАЗАД ВО СКОПЈЕ

0
860
DCIM100MEDIADJI_0059.JPG

Советниците на ВМРО ДПМНЕ, Андријана Јакимовска Панчевска и Роберт Вељановски си заминале од семинар во Хотел Дрим во Струга платен од општина Карпош и УНДП затоа што не им се допаѓале собите?!?! Семинарот бил со цел нивна обука за аплицирање за ЕУ и ООН фондови и други меѓународни организации, ЕУ легислатива и новите протоколи на ООН во екологија и човекови права.

Бил платен превоз сместување и храна, но советниците барале поскапи соби со еден кревет за што немало доволно пари затоа што е криза и планот бил да спијат по двајца мажи во едни соби а две жени во други соби но тие инсистирале секој да спие сам во скап апартман што ќе значело дуплирање на буџетот за семинарот и кога тоа не им се удоволило си заминале?!?!?! И сега семинарот ќе пропадне а се платени обучувачи платена е конференциска сала, преведувачи, закупен е кетеринг, платен е автобус?!?! КАКОВ НЕВЕРОЈАТЕН АРОГАНТЕН ОДНОС КОН КАРПОШАНИ!!!

Нашите извори во општина Карпош ни велат дека веројатно намерата на советниците на ВМРО ДПМНЕ била семинарот да го искористат за приватни цели и уживанции па кога виделе дека семинарот ќе биде работен и кога виделе дека нема ништо од лумпување пијанчење и хедонизам, си се вратиле во Скопје?!?! Поради ова општина Карпош може да изгуби и грант од 50 000 евра кој треба да го добие од УНДП на крај на семинарот. Дознаваме дека вкупно 4 советници од ВМРО ДПННЕ решиле да си заминат.