СЕ РЕШИ ХРОНИЧЕН ПРОБЛЕМ НА ЕУРОКОМПОЗИТ ПРИЛЕП: ВЛАДАТА ПРЕФРЛИ 1,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИТЕ И СТАЖОТ НА 400 РАБОТНИЦИ ЗА 7 ГОДИНИ

0
1160

На работниците од прилепската наменска фабрика Еурокомпозит им се уплатени 1 700 000 евра за заостанатите неисплатени придонеси. Ова се спроведува по 2 години откако во Собранието во 2019 година беше донесен Законот за исплата на заостанатите неплатени придонеси.

Тоа го потврди и директорот на прилепската фабрика Еурокомпозит, Милан Тоцев.
“Денеска се уплатени 1 700 000 евра за заостанатите придонеси за преку 400 работници од Еурокомпозит за периодот од јуни 2012 до септември 2019 година. Тоа е долгоочекувана добра вест за работниците да си го доплатат стажот” – изјави директорот Тоцев.
Според работникот Пеце Велјаноски, ова е добра вест бидејќи се реализира законот од 2019 година.
“Сега може да им се пополни стажот на работниците и да остварат колку-толку пристојна пензија” – рече Велјаноски.