(ВИДЕО) МВР: Во „Молња“ уапсивме логистичари од Диво насеље

0
1052

500CaptureASDASDASDASDASDAS

МВР денеска извести дека во акцијата „Молња“ која имала цел да ја открие целокупната мрежа на соработници и помагачи на криминално-терористичката група која беше стационирана во Диво насеље во Куманово и во претходниот напад на полициската станица „Гошинце“ уапсила осомничени кои имале улога на логистичари, односно и помагале на групата во извршувањето и прикривањето.

Освен помагањето, еден од осомничените имал обиди во текот на полициската акција да мобилизира помлади лица и со таа група да изврши напади во Скопје, за да ја дефокусира полицијата и да ја намали нејзината сила во напорите за совладување на вооружената група во Куманово.

Станува збор за седум лица на возраст од 20 до 74 години, од кои три се од кумановското село Отља, две од скопско Брест и по едно од Арачиново и Матејче.

При претрес на дом и други просториии извршени се претреси на пет локации и тоа две во Отља, две во Брест и една во Матејче се пронајдени карти на голема Албанија, униформи на УЧК, 13 телефонски апарати, автоматска пушка, седум рамки за автоматска пушка, 127 куршуми, две ловни пушки, гасен пиштол, машина за полнење патрони, сачми, околу 60 патрони, два испукани патрони, два детектори за метал, мапи и ВХС касети, лисици за врзување, 1.400 евра, 45 куршуми, фотографии со припадници на УЧК, оптички нишан и други предмети и траги кои ќе бидат предадени на надлежниот Јавен обвинител.