ВЕЛЕС : СО ТЕЛЕФОНИ СНИМАЛЕ ДОДЕКА ИМААТ СЕКС СО МАЛОЛЕТНИЧКИ, А СНИМКИТЕ ГИ ОБЈАВУВАЛЕ НА ТЕЛЕГРАМ – НА РАСПИТ ПЕТМИНА ВЕЛЕШАНИ

0
5250

Петмина велешани се приведени поради снимање порнографски материјали со малолетнички, пишува порталот „Батали.нет“.

Петтмината се на распит во Обвинителството, но детали за тоа нема сѐ додека не заврши предистражната постапка.

Порталот, повикувајќи се на извори, пишува дека полицијата ја сомничи групата дека имала секс со малолетнички, тоа го снимала со телефон, а снимките ги препраќале на социјалната мрежа Телеграм.

Од полицијата велат дека информации за апсењето ќе дадат штом тоа ќе го одобри јавен обвинител.