ОБИД ЗА УБИСТВО ВО ВЕЛЕС, 25 ГОДИШНА ПРЕТЕПАНА И СО ПРОСТРЕЛНА РАНА ПРИМЕНА ВО БОЛНИЦА

0
470

Утрово 25-годишна велешанка со прострелна рана во стомакот е однесена во велешката болница. Инцидентот го потврдија и од СВР Велес од каде велат дека во неа пукал нејзиниот невенчан сопруг. „Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Велес. Освен прострелна рана, девојката имала и видливи повреди на лицето. Од велешката болница потврдија дека девојката веќе е пренесена на лекување во Скопје.