ОТИДЕ И ОВАЈ СО ХИЛТАТА КАЈ КАТА И СЈО : Отфрлена и втората пријава на прилепскиот градоначалник против адвокатот Жарко Стеваноски

0
1373

Пред извесно време од страна на ОЈО-Прилеп беше отфрлена првата пријава на градоначалникот, поднесена против овој прилепски адвокат, за наводно лажно пријавување за неправилности поврзани со изградбата и рушењето на веќе непостоечката фонтана која беше лоцирана на градскиот плоштад, а деновиве од страна на ОЈО-Прилеп е отфлена и втората пријава против Стеваноски, објави порталот „10без10“.

Пред извесно време, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески поднесе исто толку кривични пријави против адвокатот Жарко Стеваноски колку што Адвокатот Стеваноски имаше поднесено кривични пријави против Градоначалникот на Прилеп.

Кривичните пријави на Градоначалникот Ристески, против aдвокатот Стеваноски се однесуваат за наводно сторено кривично дело „Лажно пријавување на кривично дело или сторител“.

Втората кривична пријава на Градоначалникот Ристески, против Адвокатот Стеваноски се однесуваше за наводно лажно пријавување од страна на Стеваноски против Градоначалникот и др. одговорни службени лица вработени во Локалната самоупрва за сторени кривични дела поврзани со легализација на стан сопственост на ќерката на раководителот на одделението за урбанизам Ицко Чупаркоски (вујко на поранешниот Мин.за транспорт и врски Миле Јанакиески).

– Постапката пред ОЈО Прилеп по повод од мене поднесената пријава против Градоначалникот и др.одговорни лица во Локалната самоуправа за овој предмет е во фаза на истрага и се превземаат дејствија на ОЈО Прилеп заради утврдување на одговорност на пријавените, што упатува на заклучок дека оваа пријава е основана, и прашање е кои од одговорните лица инволвирани во постапката за легализација ќе понесат одговорност за пријавените кривични дела – вели адвокатот Жарко Стеваноски.

ОЈО-Прилеп, сеуште води истрага по повод сите други поднесени кривични пријави од страна на адвокатот Жарко Стеваноски против градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.