ВО „ТИГРИТЕ“ ИМАШЕ ЕДЕН КАНДИДАТ АЛБАНЕЦ КОЈ ГИ ПОМИНА СИТЕ ТЕСТОВИ НО ПАДНА НА ПЛИВАЊЕ, НЕ ЗНАЕШЕ ДА ПЛИВА, СПАСОВСКИ НАЈАВИ ДВОЈАЗИЧНИ ПОЛИЦИСКИ УНИФОРМИ НАЈДОЦНА ДО МАРТ

0
1300

Од сите кандидати што се појавија, само еден беше Албанец. Тој ги почна тестовите и стигна до прелиминарните проверки, но бидејќи не знаеше да плива, не можеше да продолжи, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Запрашан за застапеноста на Албанците во специјалната полициска антитерористичка единица „Тигар“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Прав пат“ на Алсат-М одговори дека во таа единица не е важна етничката припадност, туку дека кандидатите мора да ги исполнуваат условите што ги предвидува оваа елитна единица.

Тој посочи и пример за еден кандидат Албанец, кој ги поминал сите тестови за да стане дел  од единицата „Тигар“, но сѐ паднало во вода поради тоа што не знаел да плива.

– Од сите кандидати што се појавија, само еден беше Албанец. Тој ги почна тестовите и стигна до прелиминарните проверки, но бидејќи не знаеше да плива, не можеше да продолжи. Тука нема импровизации и никако не можете да направите некакви отстапки“, рече Спасовски. Тој најави дека најдоцна до март следната година униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.

– Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година – објасни Спасовски.