ФАЛА ТИ ЗАЕВ: НАЈГОЛЕМ СКАНДАЛ ДВА ДЕНА Е ШТО ПРЕМИЕРОТ ОБЈАВУВАЛ ВИДЕА НА ФЕЈСБУК, ЕХ КАКВО ВРЕМЕ ДОЈДЕ, ДОСАДНО ДО СМРТ!

0
3304

Досадно мајку му, едвај денот поминува. Се навикнавме на адриналински шок и предозирање до коска со скандали од епски карактер, дигање згради со динамит во воздух, пијани министри газат се пред себе и бегаат од алфи низ Скопје, масовно прислушкување на 20 000 народ, мелење на опрема за прислушкување и фрлање во Вардар, тепачки на Кале, Диво Насеље мини војна, масакар во Смиљковско Езеро, кланица во собрание на 27-ми април, затворање на телевизии, дигање на клоци на пратеници на црниот понеделник, апсење новинари, чудни погибии на новинари во чудни сообраќајки итн итн итн и сега најголем скандал е што премиерот објавил видео на фејсбук?!?!

Ја не знам како ќе ги истераме овие наредни две години па да се надеваме дека ВМРО ќе се врати на власт инаку ќе испоцркаме од досада ниту на Нетфликс нема такви серии и филмови какви што ние живеевме во живо за време на Грујо и бандата мафијашка… Фала ти Заев, фала Шарена Револуција, фала СДСМ, фала ти Бејли, фала ти Хојт Ји, и сите останати кои ни ја направија сегашноста досадна до ниво на живот во сивата Скандинавија…

Извор : Мактел.МК