КОВАЧЕВСКИ : ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ СО СИТЕ ПАРТИИ ШТО ГО ПОДДРЖУВААТ ЕВРОПСКИОТ ПАТ

0
435

По изборот на заменици на министри ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата, но пред сите нас ќе се отвори една сериозна обврска – да донесеме зрели одлуки што ќе ги осигураат перспективите на земјата, истакна пред пратениците премиерот Димитар Ковачевски како предлагач на замениците министри во неговата Влада.

– Ако за тоа е потребно зголемување на мнозинството – тогаш, со секого ќе разговараме. Владата е отворена за идна соработка со сите кои се подготвени да постапат совесно и да ги поддржат реформите, економските политики и европската агенда, за доброто на граѓаните и на државата, рече, меѓу другото, Ковачевски.

Според него, се зацврсти политичката стабилност и се отвора пат за зголемена ефикасност на Собранието и на институциите, во насока на непречена реализација на клучните стратешки цели.

– Но, Сојузот за Европа и окрупнувањето на проевропското мнозинство во Парламентот е потребно во име на натамошните реформи и европската иднина на граѓаните и на државата. Граѓаните му дадоа на овој Парламент прецизен мандат за европски квалитет на живот дома и интеграција во Европската Унија. Така е формирана и проевропската Влада и така работиме, според европскиот курс на државата, рече Ковачевски.

Тој посочи дека е неопходно Парламентот да биде критичар, ама не и кочничар на реформите и да ги застапува стратешките одредници на земјата, а не стратешките планови за лични или други туѓи цели.Образложувајќи го својот предлог, премиерот Ковачевски од собраниската говорница истакна дека со изборот на новите заменици министри се заокружува реконструкцијата на Владата кој што ќе продолжи уште поефикасно да ги спроведува реформите во интерес на граѓаните по трасираниот европси пат.

Тој се заблагодари на, како што рече, на прогресивното парламентарно мнозинство за поддршката со што се потврди дека во овој состав на Собранието има доминатно мнозински прогресивен капацитет со потенцијал ваквото мнозинство да расте.
– Ако се даде шанса на совеста верувам дека овој парламентарен состав има уште поголем прогресивен капацитет со што заедно можеме да ги осигураме европските перспективи што значи економскиот развој на државата и животниот стандард на граѓаните, рече Ковачевски.

Дебатата за реконструкцијата на Владата почна пред три недели, а според Ковачевски таа претставува можност граѓаните да видат но и секој да се преиспита што всушност застапува.

– Дали застапува стабилност на државата, извесност во економијата и во животниот стандард на граѓаните, безбедност – или, нестабилност на земјата, непредвидливост, неред, европски стандарди – или беззаконие, меѓународно изолирана држава – или европски интегрирана Република Северна Македонија, рече Ковачевски.

Според премиерот, дојден е момент кога својата преовропска ориентација треба да ја покажат сите институции во државата, а во преден план тоа е Парламентот.
– И затоа велам дека оваа маратонска дебата во што се претвори изборот на нови министри и заменици министри е одлилна шанса и граѓаните да видат а секој кој не ги застпаува европските вредности и продобивки да размисли зошто се противи на повисоки плати и пензии, на повеќе инвестиции, на предвидливост во произвоидството на храна и енергија, на нови работни места. Зошто му пречат институции што работат по европски правила со рд и поредок, со ефикасна борба против корупцијата и борба против непотизам, рече Ковачевски.

Премиерот праша зошто би ги довел во прашање европското партнерство и европските перспективи во државата, за чии интереси, свои или на политичари кои сакаат да ги спасуваат своите политички кариери или на политичари платени од трети земји што провоцираат нова светска војна.
– Ако некој сака да стави кочници на развојот на државата по европскиот пат, со оглед дека стана кристално јасно дека македонскиот јазик е рамноправно признаен во Европската Унија, а со тоа и македонскиот идентитет – тогаш нека си одговори прво себеси, а потоа и пред граѓаните – каква иднина на државата застапува. Затоа што, на другата страна на европските вредности се – режим, конфликт, криминал и корупција, коишто можат да цветаат и тоа го осетивме сите од 2006 до 2016 година – само во изолирана држава, рече Ковачевски.

Ковачевски, меѓу другото, пред пратениците зборуваше и за постигнувањата на оваа Влада на економски план во состојба на криза и за отворањето на преговорите со ЕУ.
Премиерот предупреди дека пред нас е исклучително важен период којшто повикува на одговорно однесување и на рационални одлуки потенцирајќи дека сите чекори што ќе ги прави Владата, се и ќе бидат во функција на напредокот на државата и на добрата иднина на граѓаните.

– Ќе носиме транспарентно, храбри и мудри одлуки, бидејќи нема поголема чест од тоа да се бранат и постигнуваат вредности, рече Ковачевски.
Ние нашата чест, додаде тој, со носењето на храбри и достоинствени одлуки, сме ја покажале пред целиот свет со влегувањето во НАТО и со држава којашто по 30 години од осамостојувањето и по низа премрежја коишто ги помина, е држава којашто претседава со ОБСЕ, којашто е членка на НАТО, којашто преговара со ЕУ. Нашата држава е депонент на договорите кои се потпишаа меѓу земјите од Западен Балкан, од Берлинскиот процес.

Собранието расправа за избор на нови заменици, пријавени за збор се 36 пратеници. . Предложени се Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за правда, Вјолца Бериша за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева во за здравство и Агим Нухиу за образование, наука и спорт.
Собранието претходно во рамки на 104. седница со 62 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ги разреши замениците министри за одбрана Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини и за образование и наука Љуљзим Алиу.Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели. Новите министри во Владата на Ковачевски од АА и СДСМ беа избрани пред полноќ во понеделникот.