(Видео) Амбасадорите на највлијателните членки во ЕУ како и на САД го направија Грујо ЛОМ, Бејли : Постои сериозен сомнеж врз посветеноста на Владата на Македонија за демократските принципи и вредности!

0
1176

По средбата со премиерот Никола Груевски која пред малку заврши во Владата, амбасадорите на САД, Франција, Италија, Велика Британија, Германија и Европската Унија упатија остра порака до Владата, пренесе НОВА

bejli izjava

– Ги изразивме нашите грижи до премиерот дека неговата Влада не направи прогрес во контекст на многу од обвинувањата кон Владата кои произлегоа од прислушувањето. Ова континуирано непреземање на дејствија фрла сериозен сомнеж врз посветеноста на Владата на Македонија за демократските принципи и вредности на евроатланската заедница.

Постојаниот неуспех да се демонстрира оваа посветеност со конкретни дејствија ќе го наруши прогресот на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.

Исто така ги изразивме нашите очекувања што се однесува на прислушувањата кои откриваат неприфатливо однесување, потребни се соодветни политички и правни мерки за одговорните со цел да се постапи по слабостите на институциите кои се видливи од прислушувањето. Бараме Владата да размисли за специфични реформи, вклучувајќи го интегритетот на изборниот систем, слободата на медиумите, независноста на судството, слободата на говорот и заштита за тн. „протекувачи на информации, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли по средбата.

Како што рече Бејли, на средбата тие до премиерот Груевски изразиле и сочувство за загинатите од настаните во Куманово.

Бејли рече дека земјите стојат на располагање доколку е потребна нивната помош.

– Сочувствуваме со луѓето низ земјава и политичките лидери, осудувајќи го насилството. Ја поздравуваме иницијативата на Претседателот да се сретне со сите политички партии и апелираме до граѓаните да останат смирени и воздржани, рече тој.

При заедничката изјава, Бејли рече дека целосно го поддржуваат демократското право на здружување на граѓаните и мирен протест, и апелираат до сите инволвирани, да се воздржат од насилство.

Како што рече Бејли, тоа се однесува и на демонстрантите и на полицијата.

Видеото може да го погледнте ОВДЕ