КОВАЧЕВСКИ : ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е ЦЕЛ КОЈА МОРА ДА ЈА ОСТВАРИМЕ

0
318
Нашите граѓани заслужуваат да имаат европски пат, постојат низа објаснувања и низа на причини зоштои ни е потребно зачленувањето во ЕУ. Ова не е процес на еден човек, една политичка партија или една Влада. Ова е процес којшто секоја држава го поминува еднаш и завршува со членство во ЕУ и сите тие политички партии имаат одговорност. Ова е целта која што исто така заедно мораме да ја оствариме, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во интервју за емисијата 360 Степени на Алсат М телевизија.
„Кажувам за себе дека сум рациоанален оптимист. Така кажав и кога ги почнавме преговорите за членсто во ЕУ. Со оглед на тоа дека јас верувам во остварување на целта, работа на остварување на одредена цел. Ако погледнете што се е направено во мандатот на оваа Влада во 12 месеци и во делот на економијата и справувањето со енергетската криза. Најголемиот пакет антикризни мерки оценет според СБ и почеток на преговори со ЕУ кои 17 години беа заглавени. Мислам дека ова е целта која што исто така заедно мораме да ја оствариме.“ рече Ковачевски. Претседателот на СДСМ додаде дека концептот којшто го предводи е концепт за европска Македонија и придвижување на нашата држава во семејството на европските држави.
„Затоа што нашите граѓани, сегашни, идни генерации заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа тука дома во нашата држава, а не во некоја земја во туѓина на ЕУ. Затоа што нашите граѓани заслужуваат да имаат европски пат, постојат низа објаснувања и низа на причини зоштои ни е потребно зачленувањето во ЕУ. И еве ќе ви дадам една споредба само, нашите граѓани веќе почнуваат да заминуваат на работа во Чешка, Словачка, Полска што не било замисливо порано, бидејќи ние сме имале повисок стандард од нив. Но, самото членство на овие држави во ЕУ го издигна животниот стандард на неколку ката повисоко во однос на тоа што го имале. Нашите граѓани тоа го заслужуваат, ние треба да носиме одлуки баш заради иднината на сегашните и идните генерации.“ рече Ковачевски.
Уставните измени се регулирани согласно со законска и уставна процедура. Во парламентот ќе зависи од развојот и поддршката на сите политички партии. Ова не е процес на еден човек, една политичка партија или една Влада. Ова е процес којшто секоја држава го поминува еднаш и завршува со членство во ЕУ и сите тие политички партии имаат одговорност во градење на консензус за влегување во ЕУ, додаде претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во интервју за емисијата 360 Степени.