МОМЧЕ ВО ВИЕТНАМ ЧЕТИРИ ДЕНА ЗАГЛАВЕНО ВО БЕТОНСКА ЦЕВКА, НАЦИЈАТА СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ БИДЕ СПАСЕНО

0
534

Десетгодишното момче паднало во потпорна бетонска цевка во јужен Виетнам.

Ли Хао Нам е во цевката од новогодишната ноќ, а спасувачите се надеваат дека ќе преживее.

По четиридневен неуспех нацијата се надева дека денеска момчето ќе биде извлечено од столбот. Воена инженерија и експерти се обидуваат со багери, кранови, кабли и друга опрема да ја подигнат цевката, затрупана со отпад, земја и кал.

Виетнамскиот медиум „ВнЕкспрес” објави графички приказ за тоа како спасувачите користат метална цевка долга 19 метри за да ја отстранат калта од околу столбот и да ја подигнат.

Од саботата на терен се распоредени стотина војници со професионална опрема, а во 35-метри долгиот потпорниот столб се впумпива кислород за да му помогне на момчето да дише.