ЕЈ ДА МОЖЕА ОВА ДА ГО ВИДАТ КИРО ГЛИГОРОВ И БОРИС ТРАЈКОВСКИ, КОЛКУ ЛИ ЌЕ БЕА СРЕЌНИ И ГОРДИ: Сенатот на САД го усвои протоколот за членство на Македонија во НАТО

0
1773

Сенатот на САД го усвои протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Според резултатите од гласањето, објавени на интернет страна на американскиот Сенат,  ЗА гласале 84, а само двајца сенатори, еден од Јута и еден од Кентаки, биле против. Не гласале 14 сенатори.

Очекувањата се дека Протоколот наскоро ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки и со тоа приемот на земјава ќе може да се официјализира пред Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Засега неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји сојузници во Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.