ОО СДСМ БИТОЛА – ЗАХАРИЕВСКА – РАЛЕВСКА : КОЊАНОВСКИ ВЕДНАШ ДА ЈА РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКАТА НА СРЕДНОТО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ

0
615

Прес конференција на советничката во Општина Битола од редовите на СДСМ, Мирјана Захариевска Ралевска.

Градоначалникот Тони Коњановски веднаш и без одлагање да поведе дисциплинска постапка и да ја разреши директорката на Средното Техничко училиште, Жанета Сервини.

Сомнителната екскурзија на директорката и нејзиниот заменик во Бугарија потврдија дека ДПМНЕ ниту се грижи за националните интереси на Македонија, ниту знае како да менаџира со образованието.

Директорката Жанета Сервини најмалку два пати самата се фати во лаги кои не доликуваат на просветен работник и раководител на образовна институција. Прво, директорката излажа дека ги повела учениците во Бугарија за да најде партнери за Еразмус програмата. Националната агенција за образование потврди дека ниту Техничкото училиште, ниту институцијата каде директорката беше во посета, се дел од Еразмус мрежата. Потоа, Сервини излажа дека била во Софија во приватна режија, за на крај да испадне дека ученици немало, а фотографиите од сите медиумски пишувања во Бугарија чудесно да изчезнат. Вистината ќе ја утврдат надлежните институции кои постапуваат, но во меѓувреме, Коњановски како претпоставен на директорката Сервини мора да постапи, да ја разреши и да поведе дисциплинска постапка.

Градоначалникот Коњановски да не се крие зад паушални изјави во кои го оправдува однесувањето на директорката на Средното Техничко училиште во Битола. Негова должност и обврска е да го штити реномето на институциите во негова надлежност и да назначи квалитетни кадри кои со нив ќе раководат. Техничкото училиште Ѓорѓи Наумов има над 60 години традиција која не смее да биде загрозена од никого, особено не од раковдниот тим и градоначалникот на Битола.