ЗЕЧЕВИЌ ОД ЦЕНТАР : ЗА МАКЕДОНСКАТА МЛАДИНА ИМАМЕ ОБВРСКА ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ЕВРОПСКА ИДНИНА

0
478

Генералниот секретар на СДСМ, заедно со заменик претседателката Сања Лукаревска вечерва присуствуваа на работен состанок со членовите од општинската организација Центар.

– Секогаш кога носиме одлуки денеска да имаме предвид дека се однесуваат на младите утре. СДСМ е државотворна партија која секогаш знаела да постапи во интерес на иднината на државата, а тука пред се мислам на младите. Како социјалдемократи имаме обврска да обезбедиме европска иднина за македонската младина. За нашите македонски деца и внуци да обезбедиме мирно море, сигурна, стабилна и извесна европска иднина. Да не им оставиме нерешени прашања и неизвесност туку да можат дома, во својата татковина, да го градат својот подобар живот наместо да ни зиминуваат во други европски земји., рече Зечевиќ.

СДСМ е внатрешно консолидирана и повторно на победничките патеки, а преполните сали ширум републиката на трибините „Силно и одлучно кон иднината“ испраќаат силна порака за поддршката на граѓаните на државничките политики, додаде Зечевиќ.
Работата на СДСМ како на централно, така и на локално ниво е пример како се работи одговорно, во интерес на граѓаните, потенцираше Зечевиќ посочувајќи го успешниот пример со градоначалникот на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски.