Еден од терористите што се предаде го има во „бомбите“ на Заев, разговара со Мендух Тачи

0
1197

ter 2

Сами Укшини, т.н. командант Соколи, еден од тројцата лидери на вооружената група кои се предадоа синоќа, бил дел од прислушуваните и објавени разговори, објави Алсат-М телевизија.

Во овој разговор Сами Укшини комуницира со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, со кого најверојатно е во пријателски односи.

tr 1

Кај си, како помина?

Како си, што правиш?

Само што дојде еден од моите другари да ти пренесе порака од еден твој роднина.

Аха.

Рече, претседателот изгледал многу добро.

Бев во Клан, во Косово.

Да, ти си бил таму, нам ни се јави тој роднината.

Е, ја видел!

Еве, да те слушне генералот.

Ајде.

Како си господине Мендух Тачи.

Како си Сами, добро, ти како си, дали си добро?

Добро, благодарам, како си по сообраќајката.

Добро.

Јас сакав да ти се јавам.

Да, ми кажа Енвер, благодарам многу.

Ти не ми се јави, јас не сакав да пишувам порака. Премиерот ми испрати СМС, многу е благодарен.

Благодарам и вам, реално вака стојат работите Сами, некои деца се збунети и почнале да зборуваат големи зборови. Глупости. Кога ќе дојдеш?

Штом се стопи снегот….