РАЗОРНА БОМБА НА ФОКУС: Мицковски бара амнестија за 100 партиски функционери!!!

0
1820

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
На њуз-порталите и на социјалните мрежи се истурија коментари и реакции против оние кои во политичката битка на „валкан начин“ ги вмешуваат и децата на претседателските кандидати. За жал, со свои „сознанија“ за тоа кој го злоупотребува синот на кандидатката Силјановска-Давкова, во дебатата се вклучи и Билјана Ванковска, која, којзнае од какви соображенија, се обиде во приказната да го инволвира и „Фокус“

„ЧИСТОКРВНИ“ ГЛАСОВИ
Некои се дури горди што, демек, Гордана Силјановска Давкова има чистокрвни гласови, само од Македонци. А безмалку како голем грев на Стево Пендаровски му се става на товар што ќе го гласаат и извесен процент Албанци. Бог да чува! А за претседател на која држава ќе се тркаат? На „чиста“ Македонија или ќе се борат за таква!?

АМБАСАДОРСКО ДОСИЕ 
Странските амбасадори во земјава внимателно го следат спроведувањето на реформите, а некои се особено фокусирани на случаите со елементи на непотизам, судир на интереси, злоупотреба на моќта. Неофицијално, засега поверојатна е опцијата земјава наместо во јуни, конечен датум за преговори со Унијата да добие наесен

ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА ЗА СЈО
ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против СЈО да постои, но под услов да ги запре истрагите против нивните довчерашни функционери и да расчистува исклучиво со криминалите од минатото на СДСМ, но и на сегашната влада. Мицкоски бара СЈО без пари да се бори против високата корупција и криминалот. На црвените линии на Мицкоски може да им подзавиди и Грција!

ПОРАЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА 
Во Македонија има 1.533 матични лекари, од кои 140 матични гинеколози и 124 интернисти. Алармантна е ситуацијата и со матичните гинеколози. Но, не недостигаат само матични гинеколози и педијатри, туку и специјалностите како анестезиолози, рентгенолози, интернисти… Во 2020 г. во Македонија ќе останат само 13 педијатри!

ЗЛОСТОРСТВО БЕЗ КАЗНА
Страшно е што невини граѓани обвинети во случајот „Сопот“ робуваа над 30 години затвор за ништо и што државата својата грешка ја плати со 1,2 милиони евра за обесштетување на жртвите, но најстрашно е што тие инспектори, обвинители и судии што учествувале во овој монтиран процес ќе поминат неказнето и прашање на време е кога ќе земат некој друг на врат

ШОК ЗА СИСТЕМОТ
Замислете што ќе заклучат Мицкоски и Заев ако во Штип или во Центар, Блерим Река добие пет или десет илјади гласови. Или, што ќе заклучат сите албански лидери ако во Арачиново две до три илјади гласови добие Гордана Силјановска? Слично вакво искуство имаше ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, само што тогаш старите вмровци бојкотираа, а не гласаа за СДСМ. Замислете да гласаа, колку јака порака ќе беше тоа за вмровските главатари!

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Мнозина биле осудени за склучување мир, но никој поради тоа што предизвикал војна, ќе запише Бентам во 18 век гледајќи на историјата на сопствената држава. Реалноста навистина знае да биде тажна. И предупредувачка: да внимаваме за кого гласаме зашто тој или таа, во наше име, одлучува за војна или за мир

Сашо ТАСЕВСКИ
Нема од никого јавно да чуете дека безбедносниот систем ни е попара. Дека врвни професионалци дремат на неважни места, а други полуписмени раководат. Јавно тоа не се зборува, ама се шепка во приватни разговори. Северна Македонија комотно може да конкурира за „Краљица фушераја“ во светски рамки и да ја освои круната

Ана ПАНОВСКА
Циркусот од типот „оваа  улица е на градот, а таа до неа е на општината“, „овој пропис е на градот, општината нема врска со тоа“… како намерно да е создаден само за да има поголема збрка за непречено мешетарење со урбаните материјални добра во градот

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За да добие морален кредибилитет, Јавното обвинителство и неговиот прв човек, Љубомир Јовески, нужно најпрвин ќе мора да отвори неколку процеси против јавно препознаените корумпирани и криминализирани судии. Без отворање такви процеси, сè ќе се сведе на: кучињата лаат, карванот врви

Јанаки МИТРОВСКИ
Секогаш ми е комично кога ги гледам нашите властодршци кога тазе ќе преминат во опозиција. Па, се извинуваат, признаваат грешки, се каат и слично. Какви „бљувотини“. Политичарите во Македонија искрено се каат само за една работа. Што немаат трета рака. За и со неа да крадат!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
За великодушната понуда од казината и обложувалниците – секој што евентуално чувствувал зависност од игрите на среќа, да можел да побара бесплатна стручна помош од нивен психолог, најсоодветна реплика би била дека тоа е исто како да се легализираат дрогите со топтан нудење бесплатно лекари и психолози. Навистина, апсурдно!