ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА ВЛАДИМИР ТАЛЕВСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ ,,ТРАНСПОРТЕР”

0
1745

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска судијката Добрила Кацарска ја изрече првостепената пресуда за случајот „Транспортер“, кој го покрена СЈО против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и уште 20 лица.

Со пресудата, Талески е осуден на 8 години затвор.

Предметот се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.

И останатите 20 обвинети со денешната пресуда се прогласени за виновни. Меѓу нив се раководител на сектор во Општина Битола во времето на мандатот на Талевски, поранешни директори на училишта и управители на фирми. Дел од нив добија затворски казни, дел условни. Меѓу лицата што добија затворски казни се повеќето од обвинетите управители на фирми за превоз чии казни се движат од 2-3 години затвор, како и раководителот од Општина Битола, кој доби затворска казна од 6 години и 6 месеци.

Меѓу оние со условна казна, пак, се ексдиректорите на училиштата во Битола и помал дел од обвинетите раководители на фирми.

Покрај затворските казни, во пресудата што ја прочита Кацарска предвидена е и конфискација на имот од фирмите во износ на направената штета. Ако нема доволно имот на фирмите за конфискација, тогаш таа ќе се изврши на имотот на обвинетите управители.