ПАРТИЈАТА НА СЛАВИ ТРИФОНОВ ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ ПРЕДЛОЖИ СВОЈА ВЛАДА: АКО НЕ ДОБИЕ ПОДДРШКА, ВЕРОЈАТНО БИ СЕ ОРГАНИЗИРАЛЕ И ТРЕТИ ИЗБОРИ ПО РЕД

0
802

Лидерот на партијата “Има таков народ”, Слави Трифонов најави дека се откажува од предлогот за нова Влада што ја објави во понеделникот на чело со Николај Василев и дека ќе објави нов состав. За идната среда е закажана конститутивната седница на новиот парламент. Сега одговорноста паѓа на двете други протестни партии, “Демократска Бугарија” и “Исправи се! Мафијата надвор!”, кои треба да одлучат дали ќе го поддржат кабинетот на ИТН.

“Ако предложениот од нас нов кабинет не добие поддршка и не биде изгласан, одиме на избори. Во моментов не преговараме со никого. Дали е малцинска влада или коалициска влада на малцинството е сеедно. Ние решивме да ја преземеме одговорноста” – рече вториот човек на ИТН, Тошко Јорданов. Тој остро ги нападна ДБ и “Исправи се! Мафијата надвор!” велејќи дека ако не ја поддржат нивната Влада тогаш нека се договорат со лидерите на ГЕРБ, БСП или ДПС.