(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЗАЕВ СО МОТОР ВЧЕРА ПРИСТИГНА ВО БИГОРСКИ МАНАСТИР

0
1907

-Во празничното попладне од Неделата на раслабениот, во неформална посета на нашата Свештена Обител дојде Премиерот на Република Македонија, г. Зоран Заев, со група свои содружници. Во духот на манастирското гостољубие, ценетите гости беа топло пречекани од страна на Старецот и игумен на Манастирот, Архимандрит Партениј и монашкото братство. На кратката средба Премиерот имаше можност да се запознае со дел од историјата и мисионерската дејност на нашата Обител. Гостите го напуштија Манастирот со видно задоволство и ветување дека повторно ќе го посетат ова наше вековно духовно убежиште од суетниот свет, се вели во известувањето објавено на порталот на Бигорскиот манастир.