ВО СОБРАНИЕ ПОПАРА ИМ СЕ СЛУЧУВА НА ВМРОВЦИТЕ – ЛАЗАРЕВСКА : ВИЕ ИМАТЕ ПО НЕКОЛКУ ПАСОШИ, ЈАС ИМАМ МАКЕДОНСКИ И СЕ БОРАМ ЗА МОЈОТ МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ

0
1584

Кои сте вие да не нарекувате предавници, вие кои имате по неколку пасоши во џебот, а јас имам само еден – македонски, јас се борам за мојот македонски пасош, за мојот македонски јазик, за мојот македонски идентитет, порача пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска во реплика на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

„Ние нудиме заклучоци со кои на Владата ќе и наредиме никогаш во преговорите да не го доведе во прашање македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Вие не нудите ништо освен поделба на граѓаните и изолација. Вие сте луѓе кои не и сакаат просперитет на сопствената држава, затоа не сакате да започнеме преговори за членство во ЕУ.“ порача Лазаревска.