ШИЛЕГОВ : ДАНЕЛА МУ НАРЕДИЛА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЗОО ДА КОЛЕ КОЊИ ЗАТОА ШТО ГРАДОТ НЕМА ПАРИ ЗА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИТЕ!

0
1236

Шилегов: Дали однапред било планирано Зоолошка да стане кланица?

Екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се осврна на скандалот со Зоолошката градина во Скопје каде вчера таму беа затекнати неколку вработени како касапат коњи. Поради тоа МВР лиши од слобода 5 лица, четворица вработени и едно надворешно лице, а против нив и директорот на Скопје ЗОО поднесе кривични пријави.

„Во буџетот на Град Скопје за 2021 година, беа предвидени и исплатени околу 7.000.000 денари за функционирањето на Зоолошка. Тоа се средства кои се исплаќаат за да може Зоолошка нормално да функционира и нормално да се врши набавка за храна за животните. Во буџетот за 2022 за Зоолошка се предвидени 2.500.000 денари. Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица?, прашува Шилегов реагирајќи на драстично намалениот буџет за Зоолошката од страна на неговата наследничка Данела Арсовска.

Скопската градоначалничка синоќа по избивањето на скандалот експресно го разреши директорот Кристијан Стаменов и од Град Скопје соопштија дека „се оградуваат од индивидуално преземените дејствија на директорот“.

Инаку, во последниве два дена во Зоолошката се заклани повеќе од десет коњи и мазги, за со месото да се хранат месојадните животни. Ваква практика досега во Зоолошката немало, сведочат вработени, со оглед на тоа што храната за животните се набавувала исклучиво на тендер.