Заев и Царовска со децата од малите групни домови: Сонувајте големи работи, наша света задача е да ве поддржиме за да си ги остварите соништата

0
1299

Децата од малите групни домови од поранешните институции „11 Октомври“, „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“ денеска предновогодишно се дружеа со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

На неформалното дружење децата пееја, играа и раскажуваа како им е исполнет денот во новите домови коишто тие ги нарекуваат дома, но раскажуваа и кои им се соништата кои сакаат да ги остварат.

При тоа добија и новогодишни подароци од Владата, а како благодарност за гостопримството на претседателот на Владата и на министерката Царовска им подарија фотографии коишто сами ги фотографираа на фото сафари како дел од едукативна работилница за фотографија.

„Бескрајно сме среќни и благодарни што имаме прилика да ја посетиме Владата. Ова се за случува првпат поради што сме многу возбудени“, рекоа воспитувачите од малите групни домови.