СПАСОВСКИ : НА ПОКАНА НА АМБАСАДОРКАТА НА САД, Н.Е. АНЏЕЛА АГЕЛЕР, СО ЗАДОВОЛСТВО УЧЕСТВУВАВ ВО КРВОДАРИТЕЛСКАТА АКЦИЈА ВО АМБСАДАТА НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

0
408

На покана на амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер, со задоволство учествував во крводарителската акција во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, по повод одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од ужасните терористички напади на 11 септември.

Крводарителската акција е во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.
Дарувај крв – спаси живот!

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.