МАРЈАН ДОКАЗ НА СЛОБОДА – ИМАЛ ПРЕКИН НА КАЗНАТА ОД 30 ДЕНА

0
484

Сопственикот на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски кој е осуден со правосилна судска пресуда од две години и шест месеци затвор е на слобода. Управата за извршување на санкции му дала прекин на казната од 30 дена.

Дека Стаменковски е на слобода за „Фокус“ потврди Јовица Стојановиќ, кој на нашето прашање кое е образложението за прекин на казната ни одговори кратко „согласно закон, за здравје“.

На нашите дополнителни прашања според кој член од законот, тој ни одговори според Законот за извршување на санкциите, без да каже според кој член со образложение дека за здравје не се коментирало. Други детали Стојановиќ не сакаше да каже.

Според информациите од Кривичниот суд, за прекин на казната од 30 дена, Управата нема обврска да го извести Кривичниот суд и да бара дозвола од Судија за извршување на санкции. Според нашите информации, за ова не било консултирано ниту обвинителството.

Стаменковски прекинот на казната го добил иако против него има и активна предистрага, која се очекува да открие кој го плаќал и кој ги нарачувал текстовите со навредлива содржина кои ги објавуваше.

Сопственикот на Доказ, иако според пресудата имаше забрана за вршење на професија и регистрирани домеини, сепак тој преку своите блиски продолжи со објавување на текстови на други сајтови, однoсно текстовите со навредлива содржина воопшто и не запреа.

Апелацискиот суд последно го осуди Стамнековски на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност.

Овој суд делумно ги уважи жалбите на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „Доказ М“.

Обвинетиот го осуди на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност.

Му беше изречена и „забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела“, односно забрана да врши регистрација на домеин и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домеини во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.

-Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, во делот за кривичното дело „уцена“ од член 259 став 1 в.в. член 19 од КЗ, ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење, од причина што првостепениот суд не ги утврдил со сигурност решителните факти кои се од влијание за правилна примена на материјалното право, по однос на елементот од битието на кривичното дело „уцена“, соопшти Апелација.

На Стаменковски, Основниот кривичен суд Скопје му изрече единствена затворска казна во траење од три години и еден месец.

Тој се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.