Според нашите неофицијални информации, полициската станица бела заземена од група вооружени насилници, кои наводно го змеале оружјето, а полицајците ги избркале. Од СВР Куманово, без да ни дадат детали, ни кажаа дека Иво Котевски набрзо ќе излезе со информација за случајот.

0
1004

– Категорично тврдам дека нема никаква основа за етнички или било каков конфликт во Македонија. Информациите за инцидентот на северот од Македонија не кореспондираат со случувањата во општеството –  изјави за БГНЕС поранешниот лидер на Нова демократија, Имер Селмани, а во врска со информацијата за преземањето на полициската станица во Гошинце.

imer_selmani_

– Ваквите работи може да се во интерес на одредени центри. Но денес сме 2015 година и нема шанса да се вратиме на едно, за жал, не толку добро искуство од минатото. Се треба да се решава по пат на дијалог и интеграција. Во краен случај и проблемите од 2001 година завршија со дијалог – рече Селмани.

Според него, ова може да е масло на луѓе кои сакаат да го одвлечат вниманието на народот од реалните проблеми кон нешто друго.